еМагазин
Image default
Локално

Родител преку 112 побарал помош за синот, кој тргнал на Водно и не се јавувал

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Скопје, извести дека од Единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, во која што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал.

Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот. Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка.

Во 14:55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и дека веќе е со неговиот родител на Средно Водно и дека се е успешно завршено.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

24-годишно момче загина кај Битола, откако со автомобил удрил во камион и се запалил

Редакција

Комисија ќе го разгледа случајот со нестручно однесување на медицинска сестра кон бебето на Детска клиника, велат оттаму

Редакција

„Веро“ викендов врши достава на производи до дома во Скопје и Тетово

Редакција