еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Розов пикник за подигање на свеста за борба против ракот на дојка, во сабота во Градски парк

Здружението ЕЗРА организира Розов пикник, настан посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, кој ќе се одржи на 5. октомври (сабота), со почеток во 11 часот, на Школка, Градски Парк, Скопје.

„Настанот, кој ќе понуди бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, има за цел не само да обедини, туку и да даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.

Свое обраќање ќе имаат министерот за здравство, Арбен Таравари и Весна Бејби Петрушевска.

Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба.

Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее.

Искрено се надеваме дека ќе ни се придружите на овој значаен настан и дека ќе ја поддржите нашата хумана мисија,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АБ-ауто“ го доби тендерот на Апелацискиот суд Штип за набавка на автомобил вреден 32.000 евра

Редакција

23 лица од Сингелиќ кои протестираа за време на полициски час ќе треба да платат над 80.000 евра

Редакција

Уставниот суд едногласно одлучи да не поведе постапка за Преспанскиот договор

Редакција