еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Саемот на мебел го посетиле 15.000 посетители

Саемот на мебел 2024 година се одржа минатата недела, од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“, а повеќе од 15.000 посетители беа дел од оваа саемска манифестација, информира организаторот.

„Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот.

Оваа година, Саем на мебел на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда имаше и одлични попусти,“ се вели во соопштението.

Организаторите на Саем на мебел 2024 го оценуваат ова саемско издание за успешно, затоа што 15.000 посетители имаа можност да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Илина Арсова постигна огромен успех: На Антартикот ја заокружи мисијата да ги искачи највисоките врвови на сите континенти

Редакција

(Фото) Американската амбасадорка Кејт Брнз остана без здив на Велушина и уживаше во медот од Дихово

Редакција

Предложен куќниот притвор за напаѓачот на снимателот на ТВ 24

Редакција