еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Илина Арсова постигна огромен успех: На Антартикот ја заокружи мисијата да ги искачи највисоките врвови на сите континенти

Македонската алпинистка и планинарка Илина Арсова ја заврши нејзината мисија „7 врвови“.

Со искачувањето на врвот Винсон 4.892 метри надморска височина на Антартикот таа стана првата жена во Македонија и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови.

„Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за млади и спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене.

Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат,“ напиша Арсова на нејзиниот фејсбук-профил по овој огромен успех.

Честитки за Илина!!!

Фото: Фејсбук/Арсова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата препорача спортските натпревари да се играат без публика, јавните собири да се откажат до 6 март

Редакција

Во две блок трансакции продадени акции од Комерцијална банка

Редакција

Колку чини стан на албанското крајбрежје

Редакција