еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Предложен куќниот притвор за напаѓачот на снимателот на ТВ 24

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице осомничено за насилство врз новинарска екипа.

– Пријавениот, на 14 ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцовки кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница, информираат од ОЈО Скопје.

Оттаму велат дека бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство, како и особени околности врзани со начинот на извршување на делото кои укажуваат дека тој би можел да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка – куќен притвор​.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимател на ТВ 24 физички нападнат од сопственикот на куќата, која е пријавена за престојувалиште на Онишченко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

Редакција

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

Редакција

Војната во Украина може да заврши до мај или порано, тврди советник на Зеленски

Редакција