еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев останува на ставот за разрешување на Пауновски

Премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе оствари средба со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат за да ја прими петицијата од нив, директорот Стојко Пауновски да остане на таа позиција, откако премиерот најави негово разрешување, бидејќи Пауновски се спротивставува на одлуката на Влада, 35 рамковни административци да бидат распределени во таа институција.

„Ние знаеме што постигна Инспекторатот во овие три години и за време на пандемијата и колку во тоа придонел Пауновски, но процесот на распределба на административците кои не работеа е значаен.

На седница на Владата јас ќе ја потврдам својата намера за разрешување на Пауновски.

Одлуката ќе биде донесена според јавните прописи, но нема да дозволам непочитување на законите, иако Пауновски е мој пријател. Ќе ги слушнеме и сите аргументи вклучително и вработените во Државниот пазарен инспекторат и ќе биде донесена одлуката на Владата,“ рече Заев.

Премиерот останува на ставот дека Пауновски не постапувал според законот и етичкиот кодекс.

„Сакам да кажам дека Пауновски е информиран за програмата К-5 со која се распределуваат административците, но тој не го сторил тоа што го барала Владата во одлуката, односно не ги усогласил актите за да можат да се прераспределат административците.

Владата ќе постапи според законот. Со процесот на распределбата се решава децениски проблем. А превземањето на вработните нема импликации за буџетот, затоа што станува збор за лица кои земаат плата, а не одат на работа.

Станува збор за законска обрска, за закон кој е донесен во декември 2020 година. Ова е обврска за сите, што се дел од институциите, особено за носителите на одговорните функции,“ рече Заев, кој сепак остави простор за промена на ставот по средбата со инспекторите и седницата на Владата ако за тоа постојат аргументи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стојко Пауновски кој „не му се плаши“ на Заев: Што пишува во неговата професионална биографија

Пауновски како и сите 237 институции имаа детален увид во Планот за распределба на рамковните, велат од Влада

Инспекторите во одбрана на Пауновски: Бараат да се повлече барањето за негово разрешување, бидејќи е квалитетен

Заев му се јавил, Пауновски не одговорил на повикот: За Груби и Николовски неприфатливо е непочитување на одлуки на Влада

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Бујаре Абази, заменик градоначалничка на Град Скопје, која поднесе оставка

Редакција

Убава вест: 717 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Редакција