еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Стојко Пауновски кој „не му се плаши“ на Заев: Што пишува во неговата професионална биографија

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски е тема број еден во медиумите и на социјалните мрежи, бидејќи јавно му се спротивстави на премиерот Зоран Заев дека во институцијата која ја води, нема да прима 35 вработени по рамкoвен.

Станува збор за административците кои повеќе од 10 години, не работеа, а земаа плата, а сега се распоредуваат по државните институции.

По оваа јавно спротивставување, Заев најави дека, иако Пауновски е негов личен исклучително добар пријател, ќе побара од службите на Владата да го разрешат. Смета дека за тоа постои основа и очекува да биде покрената постапка.

„Недозволиво е, секој ден преку медиумите некој да води полемики со потпретседателот на Владата, а сега веќе и со премиерот. Тоа е пркос што не е дозволен. Во Владата има хиерархија и се знае како треба да функционира,“ изјави Заев.

Подршка на Заев, му дадоа и вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби, кои во заедничко соопштение објаснувајќи ја распределбата на вработените по Рамковниот договор, истакнаа дека е „недозволиво спротивствавување на одлуки на Влада“.

Инспекторите пак во ДПИ застанаа во одбрана на директорот и бараат да се повлече барањето за негово разрешување, потенцирајќи дека додека е на чело на институцијата, многу направил за таа да функционира успешно.

„Условите кои ги обезбеди за вработените и за работењето на ДПИ во три години од неговиот мандат се услови коишто ќе ги користат вработените уште многу години во иднина.

Од набавка на нови возила, комплетна реконструкција на речиси сите подрачни одделенија, како и зголемување на бројот на инспектори во однос на административен кадар.

Квалитетот на работењето, како и реномето на Инспекторатот го издигна на многу повисоко и попрофесионално ниво, за што укажуваат и остварените резултати“, изјави за медиумите инспекторката Александра Котели.

Пауновски е директор во ДПИ од 2018 година.

РАБОТНО ИСКУСТВО И ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА

Според неговата официјална биографија објавена на стрaницата на Државниот пазарен инспекторат првото работно искуство го имал како приправник комерцијалист во ТРО- Технопромет, во периодот од 1986 до 1987 година.

Потоа во периодот од 1987 до 1997 година бил инспектор во СОК – филијала Тетово.

Бил началник на Даночна инспекција во УЈП РД Тетово од 1997 до 2000 година.

Бил и инспектор за специјални истраги за што добил лиценца во 1996 година.

Бил и инструктор за ДДВ, за што добил лиценца во 1999 година.

Бил и овластен Ревизор за што добил лиценца во 2004 година.

Во периодот од 2002 до 2004 година бил заменик директор на генералниот директор на УЈП.

Од 2004 до 2011 година бил виш инспектор во УЈП – РД Тетово.

Во периодот од 2011 до 2017 година бил пратеник во Собрание на РМ.

Бил и советник во УЈП од 2017 до 2018 година.

Директор на Државен пазарен инспекторат е од 10.01.2018 година.

Тој е член на СДСМ.

ОБРАЗОВАНИЕ

Роден е на 20.12.1962 година во с. Челопек, Тетово.

Тој е дипломиран економист, и дипломирал на Економски факултет, Скопје како овластен ревизор.

ПРАТЕНИЧКА КАРИЕРА

Според информации од веб страната на Собранието бил член на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, Комисијата за економски прашања, Комисијата за финансирање и буџет, заменик-член во Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Романија и пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспекторите во одбрана на Пауновски: Бараат да се повлече барањето за негово разрешување, бидејќи е квалитетен

Заев му се јавил, Пауновски не одговорил на повикот: За Груби и Николовски неприфатливо е непочитување на одлуки на Влада

Заев ќе побара разрешување на Пауновски поради одбивањето да прифати дел од рамковните вработени

Поддршка на социјалните мрежи за Пауновски, кој му се спротистави на Заев за рамковните вработени

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска почнува Велигденскиот пост: Стожерот се воздржание, молитва, милосрдие и љубов

Редакција

Обвинителство нареди ексхумација и обдукција на телото на 25-годишниот беровчанец

Редакција

Починаа 24 лица од Ковид-19, вкупно до сега 3.388

Редакција