еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

По Македонија и Бугарија го протера рускиот свештеник и уште двајца црковни службеници

Рускиот архимандрит Васијан Змеев, кој пред неколку дена беше протеран од Македонија, стана непожелен и во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е рускиот свештеник, кој е протеран од Македонија

Змеев беше шеф на руското црковно предворје во Софија, а тој е протеран од Бугарија поради „закана за националната безбедност“.

Како што објави Амбасадата на Русија во Софија, од Бугарија се протерани уште двајца црковни службеници вработени во црквата „Свети Никола Мирликиски Чудотворец“.

Руската амбасада оваа одлука на Бугарија ја оцени како „остро и бесрамно дејствие“.

„Револтирани сме од одлуката донесена од бугарската страна. Очигледно е дека сегашното раководство на Бугарија си постави задача да ги уништи не само општествено-политичките, културните и хуманитарните врски меѓу нашите земји, туку и да ги наруши односите меѓу сестринската руска и бугарската православна црква и да ги огорчи рускиот и бугарскиот народ еден против друг“, пишуваат на Фејсбук од руската Амбасада во Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија протера тројца руски дипломати, Русија најави дека ќе одговори на непријателскиот чин

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Измами и фалсификувања при регистрации на возила со помош на вработен во МВР

Редакција

Уште 30 дена притвор за Камчев, за „Плацеви на Водно” определен притвор и за Груевски

Редакција

Најостро ја осудувам одлуката на Приштина да го запре слободниот проток на стоки, вели српскиот министер за трговија Момировиќ

Редакција