еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Седумгодишниот Марин има проблеми со џвакањето, потребни се средства за терапии

Седумгодишниот Марин многу тешко џвака и речиси и да не зборува. Најдоброто решение за него е во Томатис терапиите за кои неговите родители немаат можност да ги обезбедат.

„Проблеми со здравјето имам уште од најмала возраст кога ми е и дијагностициран аутизмот како состојба за која за жал нема решение, но моите родители никако не се откажаа и низ годиниве бев на серија различни терапии, рехабилитации како и третмани со матични клетки.

После серија консултации и прегледи најголем дел од специјалистите за оваа проблематика ми предложија да ги направам овие Томатис терапии кои покажале сериозни резултати кај голем број на аутистични деца. Се работи за алтернативна метода заснована на третмани со звучни терапии кои делуваат на подобрување на говорот, слухот и на целосната моја концентрација.

Најдобриот центар за ова е во Белгија, но моите родители нема да се во можност финансиски да го издржат ова, па затоа искрено и од срце барам да ми помогнете сите вие добри луѓе и да донирате на кампањата направена за мене,“ се вели во апелот на ecrowd.mk.

Линк за донација ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвореник во КПУ Идризово позитивен на Ковид – 19, во изолација десет затвореници

Редакција

„ЗСФ-КОМ“ на Фатмир Етеми е купувачот кој плати 572.000 евра за 2.753 акции од „Скопски пазар“

Редакција

Штип и Свети Николе со најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција