еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Силна профитабилност на ОКТА во првиот квартал, во услови на меѓународно опкружување исполнето со предизвици

Во првиот квартал од 2025 година, цените на суровата нафта се движеа помеѓу 60 и 68 долари за барел што претставува намалување во однос на опсегот од 68 до 93 долари за барел, во првиот квартал од 2024 година. Ваквиот пад првенствено беше предизвикан од неизвесноста околу развојот на глобалниот трговски протекционизам, инфлаторните притисоци и геополитичките тензии, посочуваат од ОКТА АД Скопје.

-Инфлацијата доведе до повисоки трошоци за производство, додека геополитичките прашања го дестабилизираа пазарот. Како резултат на трговските тензии, проекциите за растот на глобалната побарувачка за нафта беа намалени, за разлика од општото зголемување на цените во првиот квартал од 2024 година, предизвикано од геополитички ризици и нарушувања во снабдувањето, велат од таму.


Обемот на продажба на ОКТА во првиот квартал од 2025 година изнесувал 247 илјади М³, со пад од 10% споредено со истиот период минатата година. Производите биле пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално работи (домашниот и извозниот), при што извозот учествувал со 24% во вкупниот обем на продажба.

-Бруто-добивката достигна 269 милиони денари, што претставува намалување од 9% споредено со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување изнесува 107 милиони денари.

Прилагодената ЕБИТДА за периодот достигна 137 милиони денари, бележејќи годишен раст од 25%. Ова е резултат од зголемената продажба на домашниот пазар, зголемените чисти извозни бруто-маржи, повисоката бруто маржа на електрична енергија и намалувањето на оперативните трошоци за 5%.

Остварената ЕБИТДА забележа пад од 15% споредено со истиот период лани, главно поради негативниот ефект на вреднување на залихите од 20 милиони денари, наспроти позитивниот ефект од 28 милиони денари постигнат во претходната година.

Во согласност со своите стратешки приоритети и одлуката да ги зајакне инвестициите во почисти извори на енергија и да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, компанијата инвестираше 9 милиони денари во проекти за обновливи извори на енергија во текот на првиот квартал од 2025 година.

Овие тековни инвестиции не само што придонесуваат кон одржливоста на животната средина, туку обезбедуваат и значителни економски придобивки, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОКТА ќе дели дивиденда од 240 денари бруто по акција

ОКТА повторно ќе ја топли младинската куќа на СОС Детско село

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЈП Дрисла склучи договор со СБП енерџи продакшн вреден 383,7 илјади евра

Редакција

НБРМ апелира на внимателност: Непознати лица во име на Народната банка се обидуваат да извлечат корист од граѓаните

Редакција

Сите знаеле што прави Мерко ама никој не го спречил

Редакција