еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сите знаеле што прави Мерко ама никој не го спречил

Градоначалникот на Струга, кадар на владејачката ДУИ, Рамиз Мерко се уште си оди на работа, не дава изјави, “позира“ на терасата од зградата на Општината, а институциите демек се растрчаа да откријат зошто тој е ставен на црната листа на САД.

Се јавија и од Обвинителството, од каде го потврдија тоа што медиумите го пишуваа за него изминативе години и соопшти дека во моментов за него има шест активни предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мерко има шест активни предмети во Обвинителството, реагирале финансовата полиција, адвокати, невладини…

Од таму додоа и дека во текот на изминатите години против него се водени и повеќе други постапки по поднесени пријави од различни субјекти и институции, ама од сите нив ниедна не стигнала до судење или пресуда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предмети за Мерко се изгубиле во судскиот лавиринт, велат од Антикорупциска

Од Антикорупциска комисија пак информираа дека наоди за него објавиле уште пред четири години, но истите не само што не имале епилог, туку дел од нив и се изгубиле во судскиот лавиринт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден криминал во Македонија не е без знаење, учество и согласност на раководствата на партиите, вели Куновска по ставањето на Мерко на црната листа

Да сумираме, сите знаеле што прави Мерко, не само во институциите, туку и во неговата партија, ама никој ништо не преземал истиот да биде сопрен.

И што е најтрагично тој се уште е градоначалник, бидејќи никој ништо не презема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, кој САД го стави на црната листа

“Издржи Мерко, не си сам“: Твитер реакции

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Редакција

Во текот на ноќва и утре северен ветер и снег и на пониските места

Редакција

Фон дер Лајен: Путин ја враќа војната во Европа, знаеме дека милиони Руси не сакаат војна

Редакција