еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска Давкова грубо го крши Договорот од Преспа, реагираат од грчко МНР

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР) оценува дека новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова„ грубо го крши Договорот од Преспа, Уставот, кој е усогласен со меѓународните обврски.

„За време на нејзината денешна заклетва во Собранието, и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што ѝ беше диктиран, земјата се нарекува Северна Македонија, новата претседателка на Република Северна Македонија, г-ѓа Силијановска-Давкова, избра да ја нарече својата земја Македонија.

Со овој чин грубо се крши Договорот од Преспа, како и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека „грчката влада, и покрај приговорите што ги искажа како противење при ратификацијата на договорот, го почитуваше како ратификуван меѓународен договор кој има предност пред која било друга законска одредба“.

„Грција, во овој контекст, категорично наведува дека натамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот курс на оваа земја, зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и, пред сè, од употребата на уставното име на земјата“, порачуваат од грчкото Министерство за надворешни работи.

На денешната игаунурација, грчката амбасадорка Софија Филипиду ја напушти седницата, по директива на грчкото МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Силјановска Давкова се всели, Пендаровски се исели од „Вила Водно“

Европска унија реагира зашто Силјановска Давкова не употреби Северна Македонија

Грчката амбасадорка Филипиду ја напушти инаугурацијата на Силјановска Давкова

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Рамиз Мерко, за кого е поднесено ново обвинение

Редакција

СЈО поднесе обвиненија против Груевски, Божиновски, Јанакиевски, Илија Димовски за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(ФОТО) Убавината на македонската Тоскана: Винарија „Шато Сопот“

Редакција