еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сиљановска Давкова го потпиша указот на Законот за реорганизација на министерствата

Од Кабинетот на македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова, информираа дека таа го потпишала указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со кој бројот на министерствата се зголемува од 16 на 20.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова нема право на вето за законот со кој бројот на министерствата од 16 се зголеми на 20

-Во прашање е закон што се носи со двотретинско мнозинство, којшто претседателот, согласно членот 75, став (4) е должен да го потпише, односно на кој нема право да стави вето.

Законот е реформски и со него: прво, ќе се анулира паралелизмот на надлежностите на многу министерства, со што ќе се обезбеди функционалност и одговорност, второ, ќе се (дис)лоцираат надлежностите во соодветните министерства, со што ќе се рационализира и ефектуира нивната работа (Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Министерство за економија и труд, Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Министерство за култура и туризам); трето, ќе се институционализираат нашите стратешки приоритети преку формирање соодветни министерства: (Министерство за европски прашања, Министерство за дигитална трансформација) и четврто, ќе се подигне нивото на општествената грижа за физичкото и менталното здравје на нацијата (Министерство за спорт), велат од нејзиниот Кабинет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 16 пораснаа на 20: Кои се нови министерства, а кои се реорганизираат

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

Редакција

Села: Абдулфета Алими, наместо да биде прогласен за херој, доби 7 години затвор

Редакција

Заев: Во снимките се потврдува дека Чауш имал допир со „бомбите“, кога биле дадени на преведување

Редакција