еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МПЦ се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“

Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, особено во делот за религиозната припадност каде сметаат дека постои сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението.

Како што се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, применетата методологија во графата „религиска припадност“ очигледно не разликува припадност на религија (христијанство, ислам, јудаизам, итн.), на вероисповед (православно христијанство, сунитски ислам, хасидски јудаизам, итн.) и на Црква или верски заедници/групи (Македонска православна црква, Исламска верска заедница, Еврејска заедница, итн.).

-Ова ги прави презентираните резултати конфузни, а со тоа и неточни, затоа што очигледно не ја одразуваат реалната состојба на верска припадност во земјата.

Во оваа насока, пак, останува неодговорено прашањето зошто вероисповедта како опција не е дадена само кај една од религиите присутни во македонското општество, а очигледно е дека и таму постои варијантност?!

Следствено, САС смета дека постои проблем не само во методологијата, туку можеби и некои од попишувачите недоволно ги упатувале граѓаните во можностите за изјаснување, а очигледно е дека опциите постоеле?!, стои во соопштението.

Исто така, повод за сомневање во точноста на пописот е и непопишувањето на православните Македонци по светот, што веројатно, како што се наведува, беше резултат на отсуството на комуникација со нив на надлежните институции од татковината, за разлика од посетите на некои министри меѓу иселените припадници од малцинствата.

-Во оваа прилика сакаме да потсетиме дека САС на МПЦ-ОА со соопштение од 13. 09. 02021, а по претходна реакција од верници, упати апел во јавноста „православните христијани да се попишуваат како православни, а не само како христијани“.

Земајќи го предвид погоре кажаното, САС на МПЦ-ОА ги вреднува како нерелевантни податоците од пописот на населението, особено во делот за религиозната припадност, со заклучок за постоење на сериозна статистичка грешка, која во случајот опфаќа 13,4 отсто од населението, се наведува во реакцијата на објавените резултати од пописот од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попис: Во Македонија најбројни православните, какви се религии се практикуваат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Во кои скопски општини има најмногу заболени со коронавирусот

Редакција

89 нови случаи на Ковид-19 од 1.649 тестови, 15 се реинфекции

Редакција

На Интерни клиники немало прием на ковид-пациенти, а во центрите во Скопје примени шестмина

Редакција