еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас, тврди Бектеши

До 15 април е осигурено снабдувањето со природен гас во земјава, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, кој не верува дека би имале некаков проблем во делот на топлинската и електричната енергија при евентуална одлука на Руската Федерација да се плаќа природниот гас во рубљи од страна на „непријателските држави“.

– Во случај да се донесе таква одлука, сите други алтернативни ресурси на природен гас со кои ќе се снабдува Бугарија, ќе може да ги користиме и ние, рече Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Бектеши рече дека како членка на НАТО и земја која има аспирации за влез во Европската Унија, државата ќе ги почитува сите одлуки што ќе бидат донесени на ниво на Алијансата и од страна на државите членки на ЕУ, но убеден е дека ќе се изнајдат други алтернативи за снабдување со природен гас.

На дел од нив, како што посочи, веќе како држава работиме, а тоа се новиот интерконектор со Грција, директното учество во Александропулос и интерконекторот со Бугарија.

Бектеши рече дека утринава разговарал и со гувернерката на Народната банка и дека се уште нема насока од Европската централна банка, бидејќи во нашата курсна листа ја нема рубљата како валута и не може да се прават такви трансакции.

Во однос на лиценцата на БЕГ и дали таа ќе биде одземена по потфрлањето на оваа компанија во екот на грејната сезона, Бектеши рече дека тоа не е надлежност на Министерствто за економија, но доколку по завршување на договорот меѓу ЕСМ и БЕГ, не се исполнуваат условите, тогаш сигурно ќе се постапи според законските прописи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски војници нема да одат во Украина доколку избие конфликт, вели Пендаровски

Редакција

Нови 164 случаи на заразени со корона вирусот, од нив 59 во Скопје

Редакција

Од корона вирусот починаа тројца пациенти, вкупната бројка изнесува 122

Редакција