Драматичен пресврт во Македонијатурист АД Скопје. Скопски пазар, акционерското друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје стана најголем акционер.
Од Македонијатурист преку Македонската берза информираа дека Скопски пазар, најголемата скопска компанија за издавање недвижен имот купила дополнителни 7.936 акција и сега поседува 86.166 акции односно 19,05% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист, со што и како што се очекуваше стана најголем акционер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопски пазар на чекор да стана најголем акционер во Македонијатурист
Од Македонијатурист информираа и дека нови акции купило и друштвото за трговија, производство и услуги Промедика ДООЕЛ Скопје. Друштвото купило дополнителни 10.832 акции и сега поседува 50.104 акции односно 11,08% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
И акционерот Симеон Павлов купил нови 10.313 акции и сега поседува 47.366 акции односно 10,47% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
Друштво за внатрешен и надворешен промет Чезакомерц Симеон Роберто и Виктор ДОО Скопје е пак нов акционер над 5% во Македонијатурист. Истото сега поседува 28.102 акции односно 6,21% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист.
Хотелското друштво има вкупно десет објекти, од кои повеќето хотели. „Холидеј ин“, „Бест вестерн“, „Белви“ и „Карпош“, кои работат, и затворените – „Бристол“, „Јадран“, „Водно“ и „Сарај“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сава пензиски фонд излезе од Македонијатурист
На берзанска аукција се продадоа акции на Македонијатурист вредни 7,3 милиони евра