еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопје утре повторно без јавен превоз

Aвтобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) утре повторно нема да возат зашто вработените сè уште не ги добиле јануарските плати, најави на прес-конференција претседателот на Синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски.

„Денеска е 15., последниот законски ден за исплата на плата. Чекавме до 14.30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, но тоа не се случи. Не се договоривме така со градоначалничката и со директорот.

Советот на Град Скопје ја заврши својата работа, ја донесе одлуката. Остана сега уште парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок,“ рече Стојановски.

Според одлуката на Синдикатот, од утре од 4.30 часот изутрина автобусите на ЈСП ќе останат во гаражите, а нема да работат ниту билетарниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија може да го ограничи производството на нафта поради западните санкции

Редакција

(Фото) Американската амбасадорка Брнз со сопругот даруваше крв

Редакција

Истрага „Пропаганда“ на СЈО: Како се ширела „пропагандата“ на Груевски со пари на граѓаните

Редакција