еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасадорот Мемеди сам побарал Италија да не ги прифаќа валидните пасоши без „Северна“, МНР тврди дека ја повлекла нотата

Македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди, самоинцијативно со официјална нота ги известил италијанските власти дека и валидните патни исправи со името “Република Македонија”, од 12.02.2024 година се неважечки.


Јавноста за тоа дозна откако информацијата на Фејсбук ја сподели поранешниот министер за надворешни работи и пратеник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој посочува дека со тоа наместо да ги штити, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100.000 македонски државјани кои живеат во Италија, особено нивното право на слободно движење, како и загрозување на правото на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Тој објаснува дека овој скандал е многу сериозен, бидејќи ниту Министерството за надворешни работи, ниту пак амбасадата, имаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.

Милошоски меѓудругото пишува и дека согласно чл.45 од Законот за надворешни работи, Владата треба да донесе одлука за отповикување на амбасадорот од Рим.

Од МНР пак тврдат дека ниедно дипломатско – конзуларно претставништво на Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за оваа прашање.

-По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, велат од МНР за државната агенција МИА.

Од МНР тврдат и дека веќе спроведувале интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на скандалот.

Фото: Фејсбук/Мемеди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затворен огласот за доделување на ваучер за инвертер-клими во домаќинствата, продолжува оној за ранливи потрошувачи на енергија

Редакција

Премиерот Заев со киднапирањето и амнестијата му го зема приматот на Груевски во медиумите

Редакција

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција