еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер: На патот кон ЕУ соседите да не се блокираат заради билатерални прашања

Министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон потврди дека Словенија и Германија подготвиле нон-пејпер, кој предвидува во претпристапниот процес на Европската унија да нема можност за вето или блокада поради билатерални прашања со соседните земји.

„Тоа е иницијатива за забрзување на целиот процес на проширување, односно на претпристапниот процес, за да немаме премногу можности да ставиме вето и да блокираме соседите поради билатерални прашања и да ја искористиме можноста за гласање со квалификувано мнозинство (QMV) неколку пати во текот на процесот“, вели Фајон во интервју за црногорската агенција МИНА.

Според неа, Словенија и Германија работат за да создадат ефикасен механизам кој ќе го одржи овој процес без пречки и ќе го поддржи напредокот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ.

Фајон вели дека реформите што треба да се спроведат во земјите-кандидати се индивидуални за секоја држава и дека самото отворање и затворање на преговорите со ЕУ не е толку техничко, туку повеќе политички процес.

„Моето мислење е индивидуално за секоја земја. Самите реформи и самото отворање и затворање на преговорите не е толку техничко, туку повеќе е политички процес“, вели Фајон.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Почна исплатата на депозитите на штедачите од Еуростандард банка

Редакција

(ВИДЕО) Мукаетов: Секоја компанија треба да проба до каде и колку може да се носи со предизвиците на интернационалната конкуренција

Редакција

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Редакција