еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп стана првиот американски претседател за кој Конгресот препорача кривично гонење

Конгресниот комитет кој го истражуваше минатогодишниот упад во американскиот Капитол издаде препорака за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Телото едногласно побара од Министерството за правда да го гони Трамп, заради постоење основани сомненија дека сторил неколку кривични дела – поттикнување бунт, попречување официјална постапка, заговор за измама и давање лажни изјави.

-Комитетот обезбеди значајни докази дека претседателот Трамп имал намера да ја наруши мирната транзиција на власта според нашиот Устав, рече претставникот Џејми Раскин, додека ги изложуваше наодите на панелот.

-Веруваме дека доказите опишани од моите колеги денеска и собрани во текот на нашите сослушувања, гарантираат кривично гонење на поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп, рече Раскин.

МИА/Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија најави дека ќе мора да преземеме „воено-технички чекори“ поради одлуката на Финска за влез во НАТО

Редакција

Енергетскиот гигант Шел се повлекува од Русија, нема да купува нафта и гас од Москва

Редакција

Нови 1.174 случаи на Ковид-19 од 4.598 тестирања

Редакција