еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случајот со Блерим Рамадани се враќа на повторно одлучување и постапување: Врховен го укина Решението на Кривичен суд

Врховниот суд денеска донесе решение за предметот во врска со екстрадицијата на Блерим Рамадани со кое се укинува Решението на Основниот кривичен суд Скопје и предметот се враќа на повторно одлучување и постапување.

„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, при донесување на својата одлука со која утврдил дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на именуваното лице, не дал образложени причини од кои се раководел кога прифатил дека постапката започната согласно член 75 став 1 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, како скратена постапка да се води како редовна постапка согласно член 68 во врска со член 51 од истиот закон.

Ваквото постапување и донесување на одлука на првостепениот суд по оценка на Врховниот суд е нејасно и неразбирливо, без дадени релевантни причини од кои советот се раководел при донесување на својата одлука.

При повторното постапување, првостепениот суд е должен да ги има во предвид наведените укажувања, како и одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот Дополнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција, па врз основа на истите со правилна примена на одредбите да донесе правилна и законита одлука,“, се наведува во образложението на решението на Врховниот суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Рамадани, кој избега од домашен притвор во Скопје, е веќе во Косово?

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Прекрасно место за бегство од Скопје: Етно ресторан „Марков манастир“

Редакција

Ако дојде живот зошто административците бегаат во странство?

Редакција

Бугарија порано одбиваше Бугарите да влезат во Уставот, тоа е наше барање, вели пратеникот на СДСМ, Митрески

Редакција