Кривичниот совет на Одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Асмир Јахоски, сопственик на фирмата „Пуцко петрол“, осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот се одбива како неоснован, информираа од Судот.
„Имено, Судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на јавниот обвинител, смета дека во овој момент се уште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка се уште е во тек и се уште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази.
Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото“, велат од Кривичен суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), претходно соопшти дека предлогот на Јахоски може да биде основан само ако освен недвижнини како гаранција, во исто време на посебна сметка на Судот дополнително депонира износ од 72.000.000 денари или 1.170.318 евра или вкупно 2,15 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сопственикот на „Пуцко петрол“, Јахоски нуди гаранција за да излезе од Шутка
Фото: Пуцко Петрол