еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Сребро за македонското студио Omni Creative во Њујорк на MUSE Design Awards

Македонското дизајн студио Omni Creative ја доби сребрената награда на едно од најреномираните натпреварувања MUSE Design Awards 2024 што се одржува во Њујорк, информираат од таму.

Наградата е добиена во категорија Дизајн на пакување за млечни производи, зачини, масла и сосови, за креирање на бренд и дизајн на амбалажа за Medina Mediterranean Cuisine, за американската компанија Max’s Imports.

Ова е втора награда за Omni Creative што доаѓа од најпрестижниот фестивал во креативната индустрија. Пред три години за креирање на дизајнот на “NOBULL…” Omni Creative беше наградена со злато.

Дизајнот и визуелниот идентитет композитно ги одразува преференциите на брендот и преку елементите ги пренесува главните вредности што се лесно читливи и визуелно консумирани од потрошувачите. Изгледот на Medina ја одразува суштината на медитеранската богата и разновидна кулинарска традиција.

„Нашиот концепт се врти околу идејата за доловување на уникатниот спој на историјата, традицијата и модерноста на Медитеранот. Создадовме амбалажа која не само што го покажува врвниот квалитет на производите, туку и го слави културното наследство и уметноста на медитеранската кујна.

Избравме топла и привлечна палета на бои што потсетува на медитеранското крајбрежје – длабока сина боја, портокалова, маслинесто зелена и песочна беж. Овие бои не само што ја одразуваат природната убавина на регионот, туку и предизвикуваат чувство на топлина и удобност.

За да го нагласиме врвниот квалитет на производите, избравме висококвалитетни завршни материјали“, објасни Димитар Проданов, сопственик на креативното студио Omni Creative.

Наградата е доделена од жири комисијата составена од 56 членови од 22 земји.

MUSE Design Awards е еден од најреномираните фестивали во индустријата создаден од International Awards Associate (IAA) и се одржува секоја година во Њујорк. Како меѓународна платформа за награди, MUSE Creative and Design Awards привлекува големо меѓународно учество на креативни агенции што ги претставуваат дизајните за најголемите и најпознатите брендови глобално.

Оваа година беа пријавени 8500 учесници со свои креации, а некои од најпознатите имиња се Lay’s / Netflix, Mattel, KFC, Walt Disney Studios, Warner Bros. Entertainment, Google, Nikon, Spotify, Mercedes-Benz, Leica Geosystem, Bank of The Philippine Islands, Tsingtao Brewery Co., Ltd и Genesis, како и Coach, NBCUniversal, CJ ENM, Gravity Global, Hong Kong Tourism Board, Aedas, Les Ateliers Louis Moinet SA, Ltd, Bells + Whistles и Geely Design.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со Зобек мининг груп вреден 8,2 милиони евра

Редакција

Јандреоски избран во Одборот на директори на Меѓународното здружение на раководители на аеродроми во светот

Редакција

Притвор за четворица вработени во УБК, осомничени за проневера на милиони државни пари

Редакција