еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Стефан Стојановиќ пречекан со сите почести во карате клубот „Макпетрол“

На неодамнешното Светско карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција, Италија, Стефан Стојановиќ (+84 кг), освои бронзен медал. За него синоќа беше организиран специјален пречек со сите почести во матичниот клуб „Макпетрол“.

На собирот присуствуваа сите другари од клубот предводени од стратегот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, кој не го криеше задоволството од успехот на Стефан, како и тренерот Петар Заборски, кој се рехабилитира од повредата.

Стојановиќ е единствениот каратист од македонската карате репрезентација кој освои медал на шампионатот. Тој во борбата за бронзениот медал го совлада Германецот Николаи Секот со 3-2, и тоа со пресврт, бидејќи противникот ги освои првите два поени.

На Стојановиќ ова му е втор медал од младинските шампионати, бидејќи пред две години во Коња, Турција, освои сребро. Тој е единствен каратист од Македонија со две одличја од два мунијала во У-21. Стефан е прв на Светската ранг-листа на ВКФ во категоријата над 84 килограми во У-21.

Ова се останатите резултати на Стојановиќ против: Алишер Таижан (Казахстан) 1-0; Константин Ковуров (неутреален) 2-1; Етан Смол (Канада) 4-1; Матео Аванзини (Италија) 3-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат

Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ освои сребро на Светската младинска карате-лига во Пореч

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Транспаренси Интернешнл Македонија за случајот „Маѓар Телеком“: Задоцнета и селективна правда

Редакција

Николовски потврди дека одмарал во Дубаи: Не се вакцинирав и не правев бизниси

Редакција

Суперпренесувачи го шират коронавирусот низ светот

Редакција