еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) еМагазин на Кикладите: Милос ќе ве остави без здив!

Бидејќи ми беше на само дваесет минути со брод од Кимолос, иако не ми беше планиран, пред Серифос, решив на блиц што се вика, да го посетам и еден од најубавите грчки, но и европски острови, Милос, исто дел од групата острови – Киклади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) еМагазин на Кикладите: Срцето ми остана на Кимолос

(Галерија+видео) еМагазин на Кикладите: Серифос – бисерот на Егејот

За разлика од Кимолос каде се беше мирно и тивко (фала Богу, што одлучив најмногу време да поминам баш таму :)), овде е сосема друга атмосфера. А Милос е и за неколку пати поголем.

Се е поразлично, па и цените. Овој остров заедно со соседните Санторини, Миконос, Парос и Наксос важи за еден од најскапите острови, не само во Грција.

Дури и уплаљачите беа поскапи од Кимолос :).

Островот ќе Ве воодушеви

Благодарение на неговото вулканско потекло, Милос може да се пофали со прекрасен колоритен пејсаж и крајбрежје што брои повеќе од 40 егзотични плажи.

За да ги истражувам плажите немав доволно време (си ветив дека ќе се вратам на Милос кога и да е), но ја пробав солидната плажа во рибарското селце Полинија.

Полинија е задолжителна при посета на овој остров, каде освен плажата, имате и бројни таверни, преубави цркви, одлични места за сместување, а овде е видлива и спектакуларната и единствена геологија на Милос.

До островот може да се стигне со авион од Атина, или со траект од пристаништето Пиреја во Атина или од многу други острови, како што направив јас.

Плажи

На Милос има плажи за сечии вкус, а задолжителна за посета е Саракинико, која може да се пофали со лунарен пејзаж од вулкански сјајни бели карпести формации и кристално чисти тиркизни води.

Must see на Милос е и рибарското село Клима, како и плажата Tsigrado, една од најубавите плажи во Грција.

Повеќе информации за плажите на еден од најрелеватните сајтови за патување во Грција, greeka.com.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кога Турција ќе го ратификува Протоколот: Ќе стане ли Фето услов за НАТО?

Редакција

Македонските граѓани во Словенија да ги напуштат загрозените области, повика МНР

Редакција

ПОРТРЕТ: Рашела Мизрахи, биохемичарката која стана министерка за труд и социјална политика

Редакција