еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

С.А.Р.С , Тајзи и Брас Брадерс го отвораат првото издание на „Скопје се лади“, во сабота на 8. јуни

С.А.Р.С, Тајзи и Брас Брадерс ќе го отворат првото издание на музичката манифестација „Скопје се лади“ која ќе се одржи оваа сабота, 8. јуни со почеток во 20.30 часот на стадионот на АРМ.

„Скопје се лади“ е замислена како платформа за поддршка на музичари кои негуваат ист или сличен стил на музика која допира до секого. Три концерти во една вечер почнувајќи со енергичните битолчани Брас Брадерс кои изминатиов месец имаа полна агенда од настапи низ цела Македонија, и ќе бидат вистинско освежување со препознатливиот ритам на драм енд бејс и балкански звук.

На сцената ќе настапи и раперот Тајзи кој е миленик не само на младата туку и на повозрасната публика, изведувајќи ги добро познатите нумери: „Моментот“, „Така пишано е“, „Сине“, „Регетон“, „Дома си е дома“ и многу други, давајќи и на публиката и акустичми верзии на некои од овие хитови.

Директно од хрватската турнеја од Сисак и Загреб во Македонија ни доаѓаат и српските изведувачи С.А.Р.С кои се добро познати со своите нумери кои се омилени на публиката. „Лутка“, „Перспектива“, „Буџав Лебац“ и многу други ќе се пеат до зори на спектаклот кој не очекува оваа сабота на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Картите се уште можат да се набават по поволни цени во Купи Карти за се и на 44eventmk.com.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Жена од Македонија загина во страшна сообраќајка кај Лесковец, семејството се враќало од Словенија

Редакција

Во последните три дена, нови 71 случаи на Ковид-19, оздравени 86, нема починати

Редакција

Кој е Ѓоко Камчев, кој седнува во пратеничката фотелја на Груевски

Редакција