еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таткото на Вања пратил смс-порака до грабнувачите на нејзиниот телефон

Денеска заврши распитот на таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите за нејзиното грабнување и убиство.

Тој меѓудругото кажа дека на нејзиниот телефон денот кога исчезнала, пратил две смс-пораки во периодот од 13 до 15 часот, кога во неговиот дом веќе имало инспектори.

Првата порака гласела: „Ќе направиме сѐ што ќе побарате, само пуштете ја“, а подоцна се сетил дека не ја потпишал истата и пратил уште една порака со содржина: „Од родителите“.

Тој објаснуваше и како со неговиот пријател Гоце Трајковски, кој веќе сведочеше, преку снимки ги поврзале двете возила со кои беше грабната Ѓорчевска и посочи дека „цитроенот„ бил сомнителен.

„Тоа што беше сомнително кај ‘цитроенот’ од другите коли е што возеше многу бавно и испушташе многу чад, беше замаглено и хаубата му беше замрзната“, рече меѓудругото Ѓорчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања е неправедно обвинет, кажа Палевски на денешното рочиште

Таткото на Вања: Ако полицијата го бараше исчезнатото возило на Панче, сега ќе зборувавме само за неговото убиство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адвокат го оспори бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ пред Уставен суд со барање за поништување на регистрацијата

Редакција

Адвокатот Миланов за сведочењето на лекарите од КАРИЛ за смртта на Денис Тот: Компјутертската томографија морало да ја покаже повредата

Редакција

Побрзи, поевтини и поефикасни прекугранични плаќања во евра од октомври 2025 година, велат од Народна банка

Редакција