еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Адвокат го оспори бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ пред Уставен суд со барање за поништување на регистрацијата

Адвокатот Тони Менкиноски поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на програмата за работа и статутот на здружението “Цар Борис Трети” од Охрид.

Во поднесената иницијатива се наведува дека “неспорно може да се утврди оти програмата и статутот на здружението се насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Македонија и разгорување на национална и верска нетрпеливост“.

Во прилог на иницијативата се посочува историскиот факт дека цар Борис Трети бил соработник на Адолф Хитлер, бидејќи ја придружил Бугарија на Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и Јапонија, за што како награда ги добил териториите на Вардарска Македонија, Егејска Македонија и Тракија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб

Се истакнува и депортацијата на 11.363 Евреи од Македонија, Тракија и југоисточните делови на Србија во текот на Втората светска војна, извршена од страна на Бугарија, при што Македонија загубила 7.144 Евреи.

Како неспорен историски факт е наведена и окупацијата на Македонија од страна на фашистичка Бугарија на 19 април 1941 година, при што на чело со цар Борис Трети донесен е акт за промена на македонската националност во бугарска.

Во прилог на барањето се додава и праксата на Европскиот суд за човекови права која покажала многубројни случаи во кои негирањето на фашизмот и Холокаустот поттикнуваат омраза и нетолеранција.

Со поднесената инцицијатива на Менкиноски кој е правен застапник на Македонците од Бугарија пред Судот за човекови права во Стразбур, се бара поништување на програмата и статутот на здружението “Цар Борис Трети” од Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ок, сме ја набркале бугарската администрација, сеа уште да ја набркаме и нашава и топ сме“: Твитер реакции

Редакција

Влада: Угостителите да обезбедат најмалку 1,5 метри растојание меѓу гостите

Редакција

Пратеникот Арбен Зибери се врати во Собрание, двата теста за Ковид-19 му биле негативни

Редакција