еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Тримесечно бебе било малтретирано на Детска клиника, бидејќи мајката не знаела да комуницира на македонски, тврди семејството

Тримесечно бебе кое престојувало на лекување на Детската клиника во Скопје било малтретирано од персоналот на Клиниката, објави „Порталикс“.

Членовите на семејството на бебето се сомневаат дека тоа се случило како резултат на вербален конфликт што го имале во текот на денот на приемот со медицинските сестри.

Како што објави медиумот, наводно, сестрите биле нервозни, бидејќи мајката и бабата на бебето не знаеле да комуницираат на македонски јазик.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и лично ќе се погрижи веднаш да биде упатена до правните органи.

Тој заедно со директорот на Детската клиника се сретна со семејството на бебето и потврди дека детето е повредено и оти има модринки по рацете.

„Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите,“ изјави вчера Таравари по посетата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Да дојдам да ти замесам леб„: Урнебесни реакции на Твитер

Редакција

Пет имале неисправни сопирачки: СВР Тетово за неколку часа откри дури седум неисправни автобуси

Редакција

Масовна тепачка во Гостивар

Редакција