еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Три лица каснати од крлеж биле хоспитализирани на Клиника за инфективни болести

Одделот за епидемиологија на заразни болести при ЈЗУ Институт за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал три лабораториски потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) во периодот од 26 април до 4. јуни, информираа од таму.

Сите три случаи биле хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

Првиот случај годинава е 57-годишен сточар кој одгледува крави во село во општина Крива Паланка. Во однос на експозицијата, пријавил присуство на крлежи кај добитокот и каснување од крлеж на долните екстремитети, седум дена пред почетокот на симптомите.

Вториот регистриран е 29-годишен електричар кој работи во приватна фирма, од село во Општина Арачиново. Тој негирал каснување од крлеж, контакт со животни и патување во странство.

Овие пациенти биле испишани од Инфективната клиника во Скопје.

Најновиот случај е лабораториски потврден на 4. јуни. Станува збор за 68-годишен пензионер од Делчево, кој често престојува во делчевско село. Тој дал податок за каснување од крлеж на долните екстремитети во селото, изваден во домашни услови.

Во сите случаи биле пребарани контактите во семејството и во посетените здравствени установи. Блиските контакти, доколку ги имало, биле ставени под здравствен надзор од 14 дена.

Меѓу пријавените симптоми се епистакса, малаксаност, замор, повраќање, фебрилност, болка во мускули, пролив, тресење, главоболка.

Од ИЈЗ велат дека според досегашните податоци, постои веројатност за понатамошно пријавување нови случаи.

– Постои среден ризик за населението на Република Северна Македонија, но, истиот може да се минимизира со држење до препораките за превенција од надлежните институции, нагласуваат од ИЈЗ.

Смртноста од ККХТ, како што се појаснува, достигнува и до 40 отсто.

– Вирусот се пренесува на човек пред сѐ од крлежи на домашни животни. Трансмисијата од човек на човек може да се случи како резултат на близок контакт со крв, секрети, органи или други телесни течности на заболените лица, наведуваат од ИЈЗ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викендов треба да се донесе одлука за штрајкот во училиштата и градинките, дијалогот продолжува

Редакција

Откако ја „вжештија“ атмосферата, преставниците на македонските Бугари сега ќе посредуваат за „смирување на тензиите„

Редакција

Маричиќ за правда, Царовска за образование, Николовски и Димитров вицепремиери: СДСМ ги соопшти кадровските решенија

Редакција