еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Три медали од „Гран при Кроација“ за каратистите на „Макпетрол“

Стефан Стојановиќ се закити со сребро, а Јована Мицовска и Данило Божовиќ освоија бронзени медали на меѓународниот карате турнир „Гран при Кроација“ што од 19 до 21. јануари се одржува во Самобор.

Хрватскиот град беше домаќин на 1.539 каратисти од 29 земји, односно 233 клубови.

Стојановиќ, актуелен светски вицепрвак и европски бронзен медалист, се натпреваруваше во категоријата +84 кг. (У21). На почетокот на турнирот тој се пласира во финалето и исто како минатата година освои сребрен медал. Божовиќ, во истата тежинска и возрасна категорија, (над 84 кг., постари јуниори), се закити со бронза. Мицовска се пласира на третата позиција во категоријата -61 кг. (У21).

– Задоволни сме од настапот на нашите каратисти. Направивме добра контрола и главна и завршна меѓународна проверка на спортската форма. Заминавме со вкупно пет каратисти, а освоивме три медали – еден сребрен и две бронзени. Учествувавме со спортисти кои ќе настапат на претстојното европско првенство што од 9 до 11. февруари ќе се одржи во Тбилиси, Грузија.

Постигнатите резултати, односно освоените три медали, говорат дека нашиот клуб располага со квалитетни млади каратисти од кои може да очекува добар резултат од европското првенство, изјави тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Петар Заборски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче не очекува дека протерувањето на рускиот дипломат ќе ја одложи испораката на руски вакцини

Редакција

Колкава плата имал лани Светозар Јаневски, Тиквеш ги објави примањата на Управниот одбор

Редакција

Незаконски бил вработен во МВР полицискиот инспектор што шверцувал лажни монети во Косово, објави РСЕ

Редакција