еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Удрил ли со автомобил актерот Сашко Коцев во полицаец?

Македонскиот актер Сашо Коцев е во фокусот на јавноста откако од полицијата информираа дека завчера вечер во Скопје со своето возило ‘фолксваген’ не застанал на знак за запирање даден од полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.

Според полицијата тој се однесувал агресивно, по што со автомобилот го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото.

Коцев за Сакам да кажам вели дека не прегазил полицаец и дека воопшто не знаел дека се работи за полиција.

Вели и дека немало да си замине од местото на настанот ако знаел дека човекот кој му рекол да си оди е полициец, зашто бил облечен во цивилна облека, а не во униформа.

Коцев за СДК вели и дека полицаецот удрил со рака во неговото возило и ја вознемирил ќерка му која тој ја земал од час по музичко.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски нето-плати во октомври

Редакција

Владата одобри 854 милиони денари за „трикафта“ за следните две години

Редакција

Владата не побара нова вонредна состојба, течат изборните рокови

Редакција