Од утре, 20. март започнува Саем на мебел и ќе трае до 24. март.
Саемот ќе се одржува во комплексот „Борис Трајковски“ со работно време од 10 до 20 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10 до 17 часот.
Ќе се претстават многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови.
Влезницата ќе чини 150 денари или 250 денари блок влезница за двајца и секој ќе може да си го обезбеди својот влез на билетарата во „Борис Трајковски“.
Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел.
Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии.