еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Европратеници велат дека Србија ќе биде Иран во Европа доколку не биде прифатен договорот со Косово

Според сознанијата на Н1, европарламентарците им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не биде конструктивна во постигнувањето конечен сеопфатен договор со Косово.

„Доколку не се прифати договорот, Србија нема да биде остров, туку Иран во Европа“, ги пренесува зборовите на пратеник во Европскиот парламент нашиот соговорник, пишува Н1.

Тој додава дека европратениците велат дека на претседателот на Србија на средбата со меѓународната петорка на 20 јануари му било кажано дека влезот на Србија во ЕУ може да се постигне во 2030 година и дека овој пакет треба да важи за сите земји од Западен Балкан. .

Делегација на Европскиот парламент за меѓупартиски дијалог, предводена од Владимир Билчик и Матјаж Немец, престојува во посета на Србија. Тие вчера разговарале со пратеници во српскиот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ нема да поднесе оставка: Ако не го прифатиме планот на ЕУ за Косово, следува прекин на евроинтеграциите, повлекување на инвестициите и други мерки

Објавен текстот на француско-германскиот предлог за договор помеѓу Србија и Косово

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина жената која беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

Редакција

(Фото) На туристите им е смачено од ѓубрето во Охрид

Редакција

Анкета на ИРИ: Само 13% од граѓаните сметаат оти Македонија се движи во вистинска насока

Редакција