еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре и во сабота, посебен сообраќаен режим поради Задушница

На 21.06.2024 и 22.06.2024 година (петок и сабота) по повод верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

„Имено, од 06.00 часот утре (21.06.2024) и задутре (22.06.2024) сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатуваат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“,“ информираа од МВР.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробишта Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 949 случаи на Ковид-19 од 3.610 тестирања

Редакција

(Видео) Снимка од дрон го покажува ужасот од земјотресот во Мароко

Редакција

И Вие можете да им помогнете на настраданите од поплавите во Словенија, еве како

Редакција