еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Холандските граничари им запленуваат сендвичи на Британците: „Добродојдовте во Брегзит“

Холандската гранична полиција ги запленува сендвичите кои содржат сувомеснати производи од Британците кои влегуваат во Холандија, а откако стапија на сила новите правила предвидени со Брегзит, објави Би-би-си.

Повеќе британски медиуми ги пренесуваат снимките од Холандија на кои може да се види изненадувањето кај британските патници, кои според новите правила не смеат да внесуваат сувомеснати и млечни производи во ЕУ, но и други видови храна.

Во прилогот објавен од холанската телевизија „1В“ се гледа како полицаец го прашува возачот дали во пакуваниот сендвич има месо.

Кога возачот потврдно одговара, полицаецот вели: „Во ред, ќе ви го земеме“.

Изненадениот возач потоа прашува дали може барем да го задржи лебот, а  полицаецот одговора: „Не, сѐ ќе земеме. Добредојдовте во Брегзит, жал ми е“.

Фото/Видео: ЕПА/Youtube/Guardian/1V

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието на Република Македонија вработува 11 лица, плата до 28.303 денари

Редакција

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Редакција

Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче, вели Бубевски

Редакција