еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре кратко стабилизирање на времето, потоа повторно поројни дождови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 25 степен.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура.

Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иницијални резултати од PCR тест за корона вирусот за само 12 минути

Редакција

Цигарите на Империал тобако поскапеа за 10 денари

Редакција

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Редакција