еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Утре Скопје со редуциран автобуски превоз, дел од приватните превозници ќе возат само една линија

Утре во Скопје, кога почнува и новата учебна година, се очекува градот да биде со редуциран градски превоз.

Дел од приватните превозници најавија дека ќе пуштат само по еден автобус на една линија наутро. Тие бараат да им се исплати долгот од градските власти, а бараат да се зголеми и цената.

Од приватниот превозник „Вестор транс“ пак информираа дека нивните автобуси ќе сообраќаат со нормален возен ред. Станува збор за приватните автобуси  9, 11, 11а, 12, 47 и 55.

Проблем има и Јавното сообраќајно претпријатите (ЈСП) Скопје, на кое му недостигаат автобуси, а дел се и во лоша состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа патот од Страцин до Крива Паланка

Редакција

Арменд Ајредини од Македонија второнаграден на регионалниот конкурс за карикатури, организиран од холандското МНР

Редакција

Голем интерес за домување во кулите во комплексот „Diamond of Skopje”: Се очекува во 2024 година сите станови да се продадат

Редакција