еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Фершпед со намалена добивка и приходи во првиот квартал

Остварените вкупни приходи на Фершпед АД Скопје во првите три месеци од годинава изнесуваат 883.959 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период од 2024 година бележат пад од 9%, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Оперативните приходи изнесуваат 882.120 илјади денари и истите бележат пад од 9% во однос на оперативните приходи за истиот период од 2024 година.

Финансиските приходи во износ од 1.839 илјади денари бележат пораст од 2% во однос на истиот период минатата година.

Вкупните расходи за период јануари – март 2025 година се во износ од 869.065 илјади денари и истите имаат пад за 8% во однос на вкупните расходи за истиот период 2024 година.

Оперативните расходи за период јануари – март 2025 година изнесуваат 868.984 илјади денари и истите бележат намалување за 8% во однос на истиот период во 2024 година.

Финансиските расходи во износ од 81 илјади денари бележат раст од 3% во однос на истиот период минатата година.

Нето добивката по оданочување во анализираниот период изнесува 10.721 илјади денари и истата е намалена во однос на истиот период од 2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел Фершпед лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помогнете на семејства кои не се во можност да отидат на одмор

Редакција

Најлошото допрва ни претстои во војната што Русија ја води во Украина, изјави францускиот министер за надворешни работи Ле Дриан

Редакција

Ќе исплати ли Комерцијална банка дивиденда и покрај забраната од Народна банка?

Редакција