еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Фондот за пензиско нема доволно пари за исплата на пензии, „дупките“ ги покрива буџетот

Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции (исплата на пензиските примања заедно со придонесот за здравствено осигурување на пензионерите, трансферите до вториот пензиски столб и инвалиднината) истите се покриваат со одвојување на средства од Буџетот и учествуваат со 33,58 проценти во вкупните приходи на Фондот, констатирал Државниот завод за ревизија во денеска објавениот конечен ревизорски извештај на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО).

Со извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност за 2022 година, изразено е мислење со резерва во однос на реалноста и објективноста на финансиските извештаи и неповолно мислење за усогласеноста со законската регулатива, упатства и воспоставените политики.

Се наведува дека Фондот и понатаму не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акции, како и решение за основот за повлекување на средства од сметката од страна на Министерството за финансии (МФ), со што не може да ја потврди точноста и целосноста на наплатените приходи.

Ревизорите утврдиле дека постојат слабости при спроведувањето и реализацијата на дел од постапките за јавни набавки на ИТ, тековно одржување и изведување на градежно занатски работи на деловни објекти на Фондот, како и за набавка и плаќање за поставување на фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за кој не е навремено обезбедена документација за сопственоста на објектот и не извршен технички прием.

„Слабости во чување и архивирање на податоците во матичната евиденција и недовршен процес на индексирање и дигитализирање на микрофилмови и скенираните документи кои го оневозможуваат потврдувањето на веродостојноста и целосноста на регистрираните податоци, потребни за остварување на правата од ПИО.

Не се надминати состојбите во однос на не распоредени средства на уплатната сметка од наплатен придонес за ПИО кои Фондот не може да ги користи, а осигурениците не можат да ги остварат правата од ПИО,“ велат од Државниот завод за ревизија.

Според извештајот, и понатаму не е воспоставена електронска поврзаност на архивата на Комисијата за оцена на работната способност во Фондот со Комисијата за ревизија во Министерството за труд и социјална политика (МТСП), а пополнувањето на испразнетите работни места со лекари специјалисти е отежнато кое не обезбедува навремено и компетентно извршување на надлежностите на Комисијата.

„Системот на внатрешни контроли во процесот на остварување на правата од ПИО и процесот на исплата на пензиските примања е уреден со повеќе поединечни интерни акти и процедури од кои дел не се ажурирани целосно согласно на електронскиот систем кој е во примена.

Отсуствува целосна поделба на надлежностите и одговорностите на вработените вклучени во процесите поради што постои ризик од неправилности во постапката за признавање на правата од ПИО, како и ризик од исплата на пензија и по истекот на законски утврденото право,“ стои во извештајот.

Ревизорскиот извештај упатува и на прашања на неизвесност и континуитет и тоа за неосновано повлечени средства од сметката на Фондот од страна на извршителите по основ на налози за извршување, во кои како должници се јавуваат корисници на пензија и преземените активности од страна на Фондот поврзани со реализација на налози за извршување, како и за тоа дека структурата и нивото на остварени приходи во известувачкиот период дефицитот во исплатата на пензиските примања, како и неизвесностите по работењето на Фондот поврзани со инфлаторните движења и неповолните демографски движења.

Во извештајот стои дека вкупните остварени приходи на Фондот во 2022 година изнесуваат 91. 410. 6541 илјади денари. – Изворните приходи т. е. приходите од наплатен придонес за ПИО во 2022 година се зголемени за 11,63% во однос на претходната 2021 година и во 2022 година изнесуваат 54. 943. 420 илјади денари, што претставува учество од 64.

Оствареното зголемување на приходите во 2022 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така бележат раст од година во година.

Ревизијата го истакнува влијанието на неповолната демографска структура на населението во Македонија кои беа потврдени со спроведениот попис на населението, како и влијанието на тековните инфлаторни движења со кои е зафатена земјата и светот и нивното влијание врз работењето на Фондот со оглед на законската обврска да се изврши усогласување на висината на пензиските примања со индексот на трошоци на животот и порастот на платите.

Како резултат на наведеното се очекува и подолгорочно гледано, финансиското работење на Фондот да продолжи да биде оптоварено со тековниот проблем на зголемен дефицит, кој се покрива со трансфери од Буџетот на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Делчево под вода, невремето остави пустош

Редакција

Еден од новопочинатите без претходни заболувања и контакт со потврден случај

Редакција

Убава вест: Оздравени 442 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција