еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Градоначалникот Јанчев седум години ја донира платата, не користи службено возило, а помага и преку неговите компании

Како што е познато градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, откако е градоначалник, седум години не зема плата и не користи службено возило, а парите за неговото работење се пренаменуваат за хуминатирани цели.

Повеќе за тоа можете да прочитате во интервјуто на еМагазин од пред неколку месеци:

Митко Јанчев за првпат зборува за приватниот живот: Како несудениот полицаец стана бизнисмен и градоначалник

Како што информираа денеска од неговиот Кабинет, тој донира и спонзорира и преку неговите фирми, Кожувчанка, ЈА-МИ и Фондација Никола Јанчев.

Овие фирми како што може да се види од табеливе бележат огромна сума на донации и спонзорства за реализација на проекти за општина Кавадарци во 2022, 2023 и дел во 2024 година.

-Вкупно 52.624.053 денари се средства кои градоначалникот Митко Јанчев преку овие компании ги донирал за општина Кавадарци и останати хуманитарни и општествени цели ширум Македонија.

Овие компании на чело со Кожувчанка, не застануваат овде. Всушност нивната визија и идеја отсекогаш била да помагаат онаму каде што е потребно. Ова не е само помош, ова е придонес воопшто за општеството, велат од неговиот Кабинет.

Фото: Јанчев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски: Камчев ако сака и болницата и банката нека им ги даде за да си ја купи слободата, но нека не ме меша мене

Редакција

Трагедија: Во Брегалница се удави 14-годишно момче

Редакција

Денеска сончево време претпладне, попладне и утре нестабилно со поројни дождови

Редакција