еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Еве како ќе изгледа: Почна изградбата на малопродажниот парк “Fashion Park Triangla”

Денеска официјално започна со изградба првиот малопродажен парк во источниот дел на Скопје “Fashion Park Triangla” во место Триангла, Општина Гази Баба.

“Fashion Park Triangla” претставува уникатен проект кој за прв пат ќе имаат можност да го искусат посетителите, бидејќи досега на пазарот ваков проект немало.

Она што го прави посебен е новиот концепт на визуелно дизајнирани продавници со нови начин на изведба и материјали, нешто што е препознатливо низ Европа.

Според инвеститорот на овој моден парк, Кире Стефанов, Фешн Парк Триангла ќе биде уникатно место со голем број на продавници, места за уживање и релаксација, хотел и деловни простори.

“Среќни сме што започнавме проект кој е посебен сам по себе, и ги следи светските трендови на ваков тип на модни паркови кои се присутни најмногу во Европа. Конечно Скопје и Гази Баба ќе добие место кое ќе биде доволно атрактивно за посетителите и ќе имаат свое место за уживање и пазарување, кое ќе понуди разни содржини.

Во Фешн Парк Триангла, ќе овозможиме голем избор на продавници, маркет, ќе имаме хотел и деловен центар, како и места за уживање и релаксација. Она што најмногу ме радува како инвеститор, е што ќе придонесеме за развој на Општина Гази Баба, и што ќе привлечеме голем број на посетители, не само од Македонија, туку и од странство, поради одличната местоположба. Оваа инвестиција ќе биде готова за 10 месеци, и истата чини 9 милиони евра„, изјави Стефанов.

Според градоначалникот на Општина Гази Баба вакви проекти се повеќе од потребни за општината Гази Баба, и за Скопје генерално, и придонесуваат за модернизација на најголемата општина во Македонија.

“Преку оваа инвестиција, Општина Гази Баба продолжува да се модернизира, и свесни сме дека ќе донесе нова енергија за нашите сограѓани. Овој проект кој е навистина според сите светски стандарди, ќе привлече голем број на посетители, кои ќе уживаат во содржините кои ги нуди инвеститорот и воедно сме му благодарни за оваа инвестиција.

За нас овој проект е огромно значење за Гази Баба и Скопје пред се поради фактот дека Скопје ќе се позиционира како лидер во овој дел од регионот, а дополнително како општина очекуваме дека овој дел од градот по донесувањето на ГУП-от ќе успееме да го направиме привлечно место за инвестирање и живеење”, изјави Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба.

На поставувањето на камен темелникот, свое обраќање имаше и Дејан Манев, директор за експанзија, градба и опрема за Македонија, Косово и Бугарија на КАМ маркет кој е воедно и закупец во овој Фешн Парк Триангла.

“Среќни сме што светските трендови во инвестирање и развој на фешн паркови стигна и кај нас, и среќни сме што ќе бидеме дел од оваа приказна. Како компанија го препознавме проектот кој се развива во една средина, која има огромен потенцијал за развој. Сакаме да искажеме голема благодарност до инвеститорот и очекуваме овој проект да биде една светла точка на овој дел од Скопје”, изјави Манев.

Фешн Парк Триангла се простира на површина од 15.000 м2, од кои 6.500 м2 површина за изнајмување, а во рамки на проектот има и бизнис центар и хотел од 5.000 м2, како и подземен паркинг со над 200 паркинг места.

Лоциран е на ул. Методија Андонов – Ченто, во огромна зона на опфат со резиденцијално опкружување како и централна точка на повеќе населби, со лесен пристап, што го прави да биде уникатна трговска и деловна локација.

Според Катарина Николов, извршна директорка на Cushman & Wakefield | Fortonimka, ексклузивен соработник на инвеститорот за изнајмување на Фешн Парк Трианлгла, овој проект пројавува огромен интерес во бизнис заедницата.

“Како ексклузивен партнер за изнајмување на Фешн Парк Триангла денес можеме со задоволство да изјавиме дека интересот во јавноста и брендовите е огромен, а наскоро ќе може да споделиме информација за брендовите кои покрај КАМ маркет ќе бидат дел од проектот.

Ме радува и фактот што вакви паркови со комбинирани содржини за прв пат се појавуваат и кај нас, што укажува на тенденција на следење на потребите на потрошувачите и непосредното опкружување во заедницата. Ова дополнително ја прави нашата држава атрактивна и за сите посетители од странство.

Местоположбата на паркот е одлична и благодарение на модерниот и уникатен дизајн, лесната достапност и концентрираната понуда, малопродажниот парк ќе биде атрактивна локација која ќе понуди голем број на предности за посетителите.

Во овој дел е планиран  интензивен резиденцијален развој со што ќе се допринесе за целокупниот развој на градот. Fortonimka, во својство на консултант во сите фази на планирањето на Фешн Парк Триангла проект кој што директно одговара на комерцијалните потреби во тој регион, верува во неговиот успех и во инволвираноста на идните закупци за придонесување кон тој успех“, изјави Николов.

Инспирација за името на овој прокет е токму неговата локација, односно општината Триангла каде модерното живеење се среќава со удобноста, нудејќи енергична и динамична средина за жителите и посетителите.

Планирано е овој проект да опслужува опфатна зона од 200-300.000 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Двајцата македонски државјани кои вчера беа однесени од морските струи на Халкидики се уште не се пронајдени

Редакција

Кои се најуспешните Топ 5 компании, членки на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Редакција

Од Ковид-19 починаа 17 лица, најмладиот има 45 години

Редакција