Спортската сала „Работнички“ во Градскиот парк во Скопје, изградена пред 50 години, треба да биде реновирана до крајот на годината.
Неодамна на истата и се демонтираше кровот и почна да се поставуваат нов, а салата ќе добие и нова фасада.
До март, како што информираа од Општина Центар, салата треба да добие нов кров и фасада, како и комплетно нови канцелариски простории каде што беа сместени спортските федерации.
Планирано е и нова еластична подлога и подно греење, а целиот простор ќе се климатизира.
Ќе бидат поставени и нови инсталации за електрична енергија, современо осветлување и водовод, а наместо досегашните бетонски клупи ќе бидат ставени 891 седишта.
Парите за реконструкција се обезбедени од Владата.
Фото: Општина Центар
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.