еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Граѓаните и фирмите „чуваат“ над милијарда евра во НЛБ Банка

Вкупните депозити на НЛБ Банка (депозити на комитенти и на банки) заклучно со крајот на минатата година изнесуваат 72,8 милијарди денари или околу 1,1 милијарда евра и во однос на 31.12.2018 година се зголемени за 6 милијарди денари или околу 98 милиони евра односно за 9%, соопшти банката преку Македонската берза.

Оттаму информираат дека во однос на планот за периодот вкупните депозити  се повисоки за 9,4%.

Од друга страна вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 54,6 милијарди денари или околу 889 милиони евра и бележат зголемување од 6,3% во однос на 31.12.2018.

„Во однос на планот вкупните кредити се пониски за 3,2%, и тоа поради понискaтa реaлизација во делот на кредити на правни и физички лица“, соопшти банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка лани оствари добивка од 30 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Карпош вработува 10 лица, плата до 29.694 денари

Редакција

Просечната плата во ноември 27.588 денари

Редакција

(Фото) Светско, а наше: Брако го произведе првото возило во Европа за одржување хигиена кое испушта вода, наместо издувни гасови

Редакција