Од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера информираа дека е поднесено обвиние за пет лица од вкупно 15 од криминалната група од Грчец, позната како Дуќанџиќ.
Овие пет лица подолго време се во притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение за пет лица од криминалната група од Грчец, водачот Шеваљ Муареми се уште е во бегство
Меѓу нив не е водачот на групата, Шеваљ Муареми, кој се наоѓа во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, за кого е распишана меѓународна потерница и се бара негова екстрадиција од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Дубаи уапсен, па ослободен Шеваљ Муареми, водачот на групата од Грчец?
Не се и неколку лица за кои се бара да бидат екстрадирани од Хрватска и Шпанија.
Еден од нив е Дритон Ибиши, кој е во притвор во Шпанија, за кого исто така има потерница.
Со потерница се бара и Мухамед Далипи, кој важел за заменик на Муареми и работел во Македонија, а кој неофицијално се крие во Косово.
Групата се поврзува со три убиства и еден обид за убиство, како и со трговија со дрога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Шеваљ Муареми, лидерот на групата од Грчец по кој МВР распиша меѓународна потерница
За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец
Фото: МВР