еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Шеваљ Муареми, лидерот на групата од Грчец по кој МВР распиша меѓународна потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Шеваљ Муареми, водачот на криминалната група од Грчец, „Дуќанџик“, кој извесно време не е достапен за органите на прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

МВР објави меѓународна потерница по Шеваљ Муареми, осомничениот водач на групата од Грчец

Тој најверојатно се крие во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а претходно престојувал во Шпанија.

Во Македонија не бил подолг временски период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За кои три убиства се сомничи кримналната групата од Грчец

Оваа криминалната група од селото Грчец, се сомничи за три убиства и еден обид за убиство, како и за трговија со дрога.

На фотографии со Меси и македонски политичари

На социјалните мрежи, додека престојувал во Шапанија, од Ибица, има и заедничка фотографија со еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси.

Меси сигурно не знаел кој е Муареми, но македонските партиски и државни функционери со кои исто така се фотографирал би требало да знаат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Сузбиена криминална група од Грчец, инволвирана во убиства и трговија со дрога

На фотографија која се споделуваше на социјалните мрежи по неодамнешната акција на полицијата, тој е во друштво на функционерот на владејачката ДУИ, Блерим Беџети.

Името Шеваљ, како што објави Фокус, се споменува и во т.н. бомби.

За извесен Шеваљ во една од „бомбите“ зборуваат поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, а во нивниот разговор се спомнува и Беџети.

Во друга „бомба“ името Шеваљ се споменува во разговор меѓу Мијалков и поранешната судијка Софија Лаличиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) И советник на Алијансата за Албанците меѓу уапсените во полициската акција во Грчец, партијата го суспендираше

Фото: Фејсбук/Инстаграм/Муареми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаши: Утре пратениците на Алтернатива ќе гласаат за недоверба на Владата

Редакција

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, Тетово, Прилеп и Пожаране

Редакција

Убава вест: Почна дислоцирањето на згурата од Црниот рид на велешка Топилница

Редакција