еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Гаши: Утре пратениците на Алтернатива ќе гласаат за недоверба на Владата

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши вечерва на прес- конференција информираше дека нивните четворица пратеници утре ќе гласаат за недоверба на Владата, откако лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев се повлекол од листата на потписници на иницијативата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) До Џафери пристигна барањето за повлекување на потписите од 17 пратеници

-Господинот Апасиев го повлече својот потпис од иницијативата за недоверба на Владата, затоа можам да кажам дека Алтернатива заедно со четворицата пратеници сите ќе гласаме утре за недоверба на Владата, рече Гаши.

Тој нагласи дека Алтернатива нема да биде дел од никоја Влада која нема јасно да го има во својата програма евроатланскиот курс и добрососедските политики

-Затоа ќе оставиме тоа потоа да видиме како ќе се случува. Битно е утре ние како Алтернатива сите четири пратеници да гласаме за недоверба на Владата затоа што го слушавме гласот на нашите активисти, на јавното мнение. Бевме бомбардирани овие денови и многу сме горди што денес сме донеле ваква одлука, рече Гаши. 

За тоа каков ќе биде исходот утре ќе зависи од сите тие што се потпишале, што сакаат да гласаат.

-Можеби ќе има и други кои не се потпишале, а ќе гласаат, ќе видиме утре. До нас како Алтернатива е да стоиме заедно и да го слушаме гласот на народот и да одлучиме како што тие сакаат да гласаат, рече Гаши.

За Алтернатива е многу битно да се задржи евроатланскиот курс, тие не се за брзи избори и мислат дека во вакво кризно време не би било добро да се организираат избори.

-Алтернатива во никој случај не мисли дека излез од оваа ситуација се брзи предвремени избори. Ние мислиме дека треба да се формира друга влада, нова влада. Какво мнозинство ќе има таа влада, кој ќе биде премиер ќе видиме низ процедури кои ќе ги потврди претседателот Пендаровски, кој го има мнозинството и кој може да докаже дека ќе формира влада.

Ние мислиме во вакво време, во енергетска криза, во пандемија не би било добро во никој случај да се организираат брзи предвремени парламентарни избори, а многу сме блиску и до преговорите за ЕУ.

Затоа мислиме дека брзо треба да се формира нова влада без разлика со кој состав, само е битно сите заедно како држава да го задржиме евроатлантскиот курс и добрососедските односи, рече Гаши.

Тој додаде дека тие би прифатиле да влезат во влада само со партии кои ќе прифатат да имаат јасни определби – евроатлантски курс и добрососедски политики.

Не сакајќи да зборува за следните фази, во случај да се изгласа недоверба на Владата утре, претседателот на Алтернатива истакна дека тие како партија ќе одлучат заедно врз кои принципи ќе преговараат со идниот мандатар и врз основа на тоа во партиските органи ќе одлучат заедно како ќе постапуваат во иднина.

-Но, да не прејудицираме. Битно е што ќе се случи утре. Утре е многу важен ден да видиме дали ќе успееме како опозициска партија, нормално, ние дека првпат сме пред овој предизвик ДУИ да оди во опозиција.

Ние би сакале тоа да се случи. Добро е да се случи промена, граѓаните ја бараат особено во албанскиот дел, 20 години нема промена. Но, Алтернатива може да направи толку колку што можат да направат четири пратеници, рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неколку пратеници ги повлекоа потписите: Поднесен нов ревидиран список со барање за гласање недоверба на Владата

МИА/Фото: Алтернатива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски не го ополномоштил адвокатот Наков за случајот „Талир 2“, рочиштето одложено

Редакција

Репортери без граници: Македонија на 95. место според индексот за слобода на медиумите

Редакција

Доктор Пановски го „запали“ Фејсбук за одлуките на Владата каде треба да се носат маски: „Кој не полуди, тој не е нормален“

Редакција