еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев се сретна со Руте: Декември клучен за почнување преговори со ЕУ

Во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан, а процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Северна Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ, констатирале на денешната средба во Скопје претседтаелот на Владата, Зоран Заев и премиерот на Холандија, Марк Руте, соопшти владината прес-служба.

-Заев го информираше Руте и за најновата иницијатива „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, која има за цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и бизниси што е комплементарно со пристапниот процес преку кој ќе овозможи подобро да се подготвиме за целосна интеграција во политиките на ЕУ.

Руте кој е во прва официјална посета на некој холандски премиер на Северна Македонија, изрази поддршка за процесот „Отворен Балкан“ и оцени дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот, велат од Владата.

Премиерот Заев на средбата изразил задоволството на Владата од интензивираниот политички дијалог на високо ниво во последните неколку години.– Холандија е важен партнер на Северна Македонија во НАТО. Постигнавме силни билатерални врски и развивме соработка во последните 28 години. Дополнително, Холандија стана наш најпосветен поддржувач и на нашите напори за интеграција во ЕУ, истакна Заев, стои во соопштението.Тој нагласил дека Владата на Северна Македонија силно ги цени охрабрувачките пораки на холандската поддршка за процесот на интеграција во ЕУ. Беа поздравени и постигнувањата во областа на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото со акцент на потребата од континуирано и посветено спроведување на стандардите и реформските цели на ЕУ.-Заев изрази благодарност и за доследната холандска поддршка во градењето на Северна Македонија како европска демократија, слободно општество и слободна пазарна економија, нагласувајќи дека Холандија е најголемиот билатерален донатор, а Северна Македонија е под холандската конституенца во Светска банка, соопшти прес-службата на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв холандски премиер во посета на Македонија: Марк Руте денеска во Скопје
Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата им додели апанажа на четворица бивши директори на државни институции

Редакција

Триумф на „Медена земја“ во Русија

Редакција

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Редакција