еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку акционери има Алкалоид

Акцијата на Алкалоид АД Скопје важи за една од најтргуваните на Македонската берза, а истата е во фокусот на инвеститорската јавност поради најавената, повисока, дивиденда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид ќе исплати за 10,2% поголема дивиденда споредено со лани, 540 денари бруто по акција

Основната главнина на Алкалоид се состои од 1.431.353 акции со номинална вредност од 25,56 евра од акција или вкупен износ од 36.585.382,68 евра, соопшти компанијата во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.

Заклучно со 31.12.2023 година Алкалоид има 5.487 акционери.

Акциите се слободно преносливи. За акционери се сметаат сите лица запишани во акционерската книга, која, во согласност со законската регулатива, се води во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Акционерите под еднакви услови имаат еднаква положба во Друштвото. Секој акционер има право на еден глас во Собранието на Друштвото – по еден за секоја обична акција, како и право на исплата на дивиденда.

Од акциите 99,7 % (1.428.125) се обични акции, од кои 59 се резервирани за поранешни сопственици, додека, пак, 0,23 % (3.228) се приоритетни акции, исто така, резервирани за поранешни сопственици, кои треба да докажат право на сопственост над имот кој сега е во сопственост на Алкалоид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како се движеше цената на акцијата на Алкалоид лани

Лани истргувани се 28.864 акции на Алкалоид вредни 513,5 милиони денари

Раст од 10% на консолидираните продажби и инвестициите: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2024

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

Редакција

Од денеска македонските граѓани можат да патуваат во Бугарија со негативен ПЦР-тест

Редакција

Пандев: Против Украина одиме на сè или ништо

Редакција