еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Славјанка Петровска, новата министерка за одбрана

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на членовите на новата Влада.

Која е Славјанка Петровска

Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ е новата министерка за одбрана.

Таа беше и поранешен заменик министер за внатрешни работи во техничка влада.

Образование

Петровска е родена на 11 јануари 1982 во Скопје.

Основно и средно училиште завршила во Скопје.

Таа е дипломиран правник и дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во моментов е магистрант по управно право на овој факултет.

Одлично зборува англиски јазик, а се служи и со италијански и руски јазик.

Политичка кариера

Од 2003 до 2006 година работи во Секретаријатот за европски прашања.

Од 2006 до 2008 година работи во Собранието, во Секторот за меѓународна соработка.

Од 2008 до 2015 година работи во Собранието, во Секторот за поддршка на Националниот совет за евроинтеграции.

Од декември 2015 до мај 2016 и од септември до декември 2016 година е дел од кабинетот на министерот за внатрешни работи.

Од јуни 2017 година е шеф на кабинетот на министерот за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Беким Сали, наследникот на Венко Филпче

Кој е Никола Тупанчевски, новиот министер за правда

Кој е Димитар Ковачевски: Што пишува во биографијата на новиот македонски премиер

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 најниски плати во октомври

Редакција

Убава вест: Оздравени 641 заболени од Ковид-19

Редакција

„Мафијашки филмови“ во Скопје: Впериле пиштол во полицајци кои пренесувале убиец

Редакција